213
Кина има суверено право да одржува големи воени вежби во близина на Тајван, соопшти денеска Кремљ и ги обвини САД дека посетата на високи американски претставници на Тајван придонела за вештачко зголемување на тензиите во азиско-пацифичкиот регион.
– Посетата на Ненси Пелоси беше сосема непотребна. Тоа беше провокација. Што се однесува до маневрите, тоа е суверено право на Кина – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.
Кина започна воени вежби околу Тајван и истрела повеќе проектили во правец на островот, кој го смета за своја суверена територија, како одговор на посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.