Се огласија од Лидл по експлозијата: „Длабоко сме шокирани“

од Nikola Popovski
304 прегледи

Најмалку три лица беа повредени синоќа во експлозија на една од пратките во седиштето на познатата компанија Лидл во Германија.

Според германските медиуми, на местото пристигнале бројни припадници на полицијата и Службата за итни случаи, па дури и хеликоптер слетал за да се згрижат повредените.

„Билд“ наведува дека властите успешно евакуирале повеќе од 100 вработени во зградата на Хејлброн.

Според првите информации, најверојатно станува збор за бомба во писмо.

„Експлодирал или пакет или писмо“, изјавил Жералд Олма, портпарол на полицијата.

Експлозијата се случила околу 15 часот, а се претпоставува дека експлодирал пакетот што го отворил еден од работниците.

Во меѓувреме се огласија и од таа компанија.

„Длабоко сме шокирани од инцидентот и им посакуваме добро и брзо закрепнување на нашите работници“, велат од „Лидл“, а пренесува „Билд“.

Портпаролот на компанијата ги потврди обвинувањата во медиумите.

„Можеме да потврдиме дека имало експлозија попладнево во нашата зграда каде што се наоѓа администрацијата кога е отворено писмото. Тројца работници беа повредени и веднаш им беше пружена медицинска помош“, посочил овој службеник за германскиот портал.

Слични содржини