По повод концертите во белградската „Комбанк“ арена, кои разбесниле многумина, се огласиле членовите на „Црвена јабука“, заблагодарувајќи им се на сите што биле на концертот.
„Им благодариме на сите посетители кои со почитување на сите епидемиолошки мерки присуствуваа на нашите концерти во арената Комбанк и за поддршката од колегите“, напишале тие под фотографијата од синоќешниот концерт.
Да потсетиме, концертот првично бил закажан за 7 март, па поради построгите мерки што траеле за време на викендот, тој бил преместен во понеделник и вторник, односно на 8 и 9 март, што е и пример за бесмисленоста на тоа „заострување за време на викендот“, пишуваат српските медиуми.
Сепак, зголемувањето на бројот на заразени и многу лошата епидемиолошка состојба во Србија, како и секојдневните апели на експертите за воведување на многу поостри мерки за подолг временски период, укажуваат дека ваквата забава за фановите на Црвена јабука требала да се одложи за подобри денови.
„Иако била мерена температура на влезот, и покрај намалениот капацитет на арената Комбанк, многумина се прашуваа колку е безбедно да се одржи концерт за време на пандемија“, потенцираат српските медиуми.