Австралискиот град Мелбурн, кој помина повеќе време под „клуч“ од било кој град во светот, се подготвува да укине некои ограничувачки мерки во наредната недела, соопштија денеска локалните власти.
До петок, кога ќе се укинат некои мерки, ќе поминат 262 дена во кои пет милиони граѓани на Мелбурн беа под целосен „локдаун“, во шест наврати од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.
Австралиските и другите медиуми наведуваат дека ова е најдолго заклучување во светот, што го надмина заклучувањето на аргентинскиот Буенос Аирес од 234 дена, пренесе Танјуг.
Иако бројот на заразени со Ковид продолжи да расте во сојузната држава Викторија, каде што Мелбурн е главен град, бројот на ревакцинирани лица се очекува да биде 70 проценти оваа недела, што ќе овозможи ублажување на мерките.
– Денеска е голем ден, кога Викторијанците можат да бидат горди на постигнатото – рече премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, за време на најавата за укинување на мерките.
Австралиската држава регистрираше 1.838 нови случаи и седум смртни случаи изминатиот ден.
Понатамошно олеснување на мерките се очекува кога 80 проценти од населението во Викторија ќе се ревакцинира.