Пратениците денеска на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.
Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола.
Една од поважните измени е и тоа што регистрацијата ќе може да се врши на цела територија на државата, а не како досега, според местото на живеење наведено во личната карта на сопственикот на возилото.