Се ослободуваат од работа бремените жени и постарите лица поради загадениот воздух

од Radmila Tasevska

Владата ги информира надлежните институции и релевантните општини дека е потребно да постапат согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, според кои Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.

Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

 

Слични содржини