Најмалку четири лица се тешко повредени откако се откачила кабина на жичарница во скијачка област во западна Австрија, соопшти полицијата.
Австриската новинска агенција објавила дека дрво паднало врз сајлата на жичарницата „Ахеркогелбан“ во скијачката област Хохец во провинцијата Тирол и дека кабината се откачила.
Ски-центарот е привремено затворен, пренесе АП.