СЕ ОТКАЖАЛ ОД БИТКОИНИТЕ ЗА ДА ГО ПЛАТИ СТУДЕНТСКИОТ КРЕДИТ: Ако не го направел тоа, денес ќе имал 59 милиони долари

од Nikola Popovski
589 прегледи

На 2 јануари 2021 година, вредноста на биткоинот за прв пат ја надмина вредноста од 30 000 американски долари.

Грег Шоен, еден од корисниците на Твитер, стана хит на оваа социјална мрежа откако се појави неговиот стар твит за биткоини од 2011 година.

Грег го напиша следново пред 10 години: „

„Би сакал да ги чував своите 1700 биткоини што ги купив за 0,60 долари, наместо да ги продавам за 0,30 долари, затоа што сега вредат 8 долари“.

Во деновите кога оваа криптовалута достигна невидени рекорди и кога нејзината вредност надмина 35.000 долари, неговиот твит стана хит, бидејќи сега на својата сметка ќе имал неверојатни 59 милиони долари.

Грег објаснува дека тој веќе нема никаков биткоин „во кутијата“, туку дека поседува некои други криптовалути, но не и количина што може да му го промени животот и објасни дека ги продал биткоините – кои ги поседувал – за да го плати студентскиот заем.

Вредноста на биткоинот ја надмина вредноста од 30 000 американски долари за првпат на 2 јануари, а само неколку недели порано, таа криптовалута за прв пат достигна вредност од 20 000 долари.

„ЈПМорган“ објави храбра долгорочна прогноза за целната цена на биткоинот, тврдејќи дека оваа криптовалута може да се искачи на дури 146 000 долари, натпреварувајќи се со златото како „алтернативна“ валута.

Слични содржини