Се открива изложба на советската космонаутика во Лондон

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Новата изложба која ќе ја презентира вселенската програма на Советскиот Сојуз ќе биде отворена во Лондон оваа година и ќе биде најголемата изнесена некогаш преку граница.CFiOvc3WgAA1b84

Меѓу експонатите изложени во Британскиот музеј на науките ќе биде капсулата “Восток 6”, која ја вратила првата жена астронаут – Валентина Терешкова, на Земјата во 1963 година. Исто така изложбата ќе претстави и оригинален модел на сателитот “Спутник” од 1957 година кој ќе го даде почетокот на вселенската трка со САД, откако беше лансиран истата година.

Посетителите на изложбата “Космонаут: Раѓањето на вселенската ера” ќе можат да видат и експонати од советската програма за испраќање човек на Месечината, која долго време беше чувана во строга тајна. Меѓу нив е и Чермениот апарат за слетување на Месечината LK-3, кој постојано бил тестиран, но никогаш не бил вмешан во реална мисија.ANDERSON-COSMONAUT-06

Изложбата ќе биде отворена на 18 септември и се организира од руската вселенска агенција “Роскосмос”.