Се отвора сезоната: Хотелите на црногорското приморје се полни и до 60 проценти

од Nikola Popovski
215 прегледи

Откако црногорското крајбрежје долго време беше без гости поради пандемијата на коронавирус, празниците ги исполнија хотелите, а угостителите се и повеќе од задоволни, пишува црногорска „Побједа“.

6.000 гости во моментов престојуваат на ривиерата Будва, објави Туристичката организација на Будва. Според груби проценки, хотелите се полни до 60 проценти.

Ивана Ребиќ од Туристичката организација на Будва изјавила дека 4.500 гости биле сместени во хотелите во Будва, а 1.500 во приватно сместување, пренесува Танјуг.

„Повеќето гости пристигнаа од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција, Украина и Русија“, рекла Ребиќ.

Слични содржини