Огромна дупка со дијаметар од околу 60 метри се појави во полето во мексиканскиот град Санта Марија Закатепек и се закани дека ќе „проголта“ блиска куќа.
Гувернерот на мексиканската сојузна држава Пуебла, Мигел Барбоса Хуерта, на прес-конференција рече дека дупката првпат се појавила во саботата и била длабока 20 метри.
Гувернерот додаде дека семејството што живеело во куќата покрај дупката е евакуирано и дека досега никој не е повреден.
https://twitter.com/rs_sputnik/status/1401188537844781059?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1401188537844781059%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs-lat.sputniknews.com%2Fsvet%2F202106051125531857-otvorila-se-zemlja–ogromna-rupa-puna-vode-stalno-raste-ponor-preti-da-proguta-kucu-video-foto%2F
Тој го предупредил локалното население да не се приближува до бездната.
„Дијаметарот на дупката првично беше пет метри, а во следните часови тој значително се зголеми“, рече Беатрис Манрике, министерка за заштита на животната средина во Пуебла.
Таа рече дека веруваат дека појавата на дупката се должи на две работи – обработка на почвата и испумпување на вода.
„Двете активности доведуваат до омекнување на почвата“, додала Манрике.
Група експерти од неколку јавни институции ќе го испитаат изгледот на дупката, а процесот ќе трае најмногу 30 дена.
Дупката првпат се појави во саботата и постојано се полни со вода.