Се ожени пејачот Виктор Апостоловски

од Radmila Tasevska
783 прегледи

Пејачот Виктор Апостоловски, кој стана познат по неговото учество во шоуто „Македонски идол“, но и по второто место за минатогодишниот избор за песна за „Евровизија“, се ожени.

Неговата избраничка е Милена, а свадбата ја направија во родната Битола.

На социјалните мрежи пејачот и неговите пријатели споделија дел од атмосферата, свадбената веселба, а во преден план секако беше црвениот олдтајмер со кој младоженецот тргна по невестата.

Виктор ја запроси својата сакана Милена, на почетокот на годината, на патување во Турција.

Младоженецот беше облечен во елегантен црн костум и црн шешир, а невестата носеше венчаница со светкав корсет.

За својот прв свадбен танц пејачот специјално компонирал песна посветена на неговата Милена – ,,Омилена”.

Виктор на пошироката јавност ѝ стана познат по учеството во талент-шоуто „Македонски идол“ во 2011 година, каде што заврши во топ 4 и беше еден од фаворитите на публиката.

Денес, Виктор е изграден музичар, кој во последните 10 години издал над 50 песни, два албуми на македонски јазик и еден албум со колеги од САД.

Слични содржини