Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдо се ожени со својата партнерка, моделот Селина Локс.
Младенците, кои се верија во јануари додека беа на одмор на Карибите, се венчаа во црква на Ибица во понеделникот попладне. Свадбата се одржа во мало село на југозапад од островот, во близина на местото каде што пензионираната фудбалска ѕвезда има куќа.
33-годишната Селина, која почна да излегува со поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Интер пред 7 години, на социјалните мрежи објави видео од нивниот среќен ден.
Манекенката и 47-годишниот поранешен фудбалер го напиша следново: „Денес ги собравме нашите семејства на интимна верска прослава и на тој начин го означивме почетокот на неделата во која не очекуваат многу прослави“.
Меѓу гостите беше и поранешниот соиграч на Роналдо од Реал Мадрид, Хулио Баптиста. Меѓу првите кои и честитаа на среќната двојка беше поранешната сопруга на Роналдо, Милен Домингес.
„Среќна сум за тебе. Господ да те благослови и секогаш да те чува. Љубовта да живее долго“, рекла неговата поранешна сопруга.
Ова е трето „гостување“ на Роналдо пред олтарот. Во февруари 2005 година, тој организираше венчавка со манекенката Даниела Цикарели во замок во Франција, иако подоцна се покажа дека тие официјално не станале маж и жена бидејќи ниту еден не го финализирал разводот од нивните претходни партнери.
Тие се разделија три месеци по церемонијата во замокот, која ја нарекоа како официјална свадба, а Даниела подоцна тврдеше дека врската завршила затоа што Роналдо и бил неверен.
По завршувањето на нивната врска, тој се ожени со студентката по инженерство Марија Беатрис Антони.
Роналдо со првата сопруга Милена го има синот Роналдо (23), а со втората сопруга Марија ќерките Марија Софија (14) и Марија Алиса (12).
Тој откри дека направил вазектомија откако беше потврдено дека е татко на Александар, кој сега има 17 години, во декември 2010 година по аферата со келнерката Микеле Умезу.
Роналдо подоцна за „Фајненшл тајмс“ откри дека замрзнал сперма и се пошегува дека сѐ уште има доволно за да направи цел фудбалски тим.
Тој и неговата нова сопруга, успешна бизнисменка и модел, редовно ја посетуваат Ибица и минатиот месец беа снимени како се бакнуваат во морето за време на ноќното капење.