СЕ ОЖЕНИ СИНОТ НА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Меѓу гостите Бијонсе и Џеј Зи!

од Vladimir Zorba
810 прегледи

Американската пејачка Бијонсе, придружувана од нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, вчера беа гости на втората свадбена церемонија на Александар Арно и Џералдин Гајот во Венеција.

Александар е син на еден од најбогатите луѓе во светот, Французинот Бернар Арно, извршен директор на луксузната марка LVMH, а невестата е основач на францускиот бренд модни додатоци.

Богатството на Арно се проценува на 157 милијарди долари, а во мај го престигна Џеф Безос и стана најбогатата личност во светот, пренесе „Дејли Мејл“.

Бијонсе изгледаше прекрасно во свилено, сино фустанче и елегантен црн капут. Таа го комбинираше фустанот со чевли со високи потпетици со иста боја, а целокупниот впечаток го комплетираа сјајна, тркалезна чанта, како и сребрен ѓердан.

Александар Арно и невестата претходно се венчаа во Париз во мај оваа година.

Слични содржини