“Се плашиш ли? Не!” – новата реклама со рап на кинеската армија

од desk3
70 прегледи

“Се плашиш ли? Не! Страв ли тие е? Не! Само сакам наредба да убивам, убијам, убијам!” Ова се вели во новиот видео клип, со кој Кинеската народна армија сака да регрутира војници , раскажува БиБиСи.

Снимка е динамична и под звуците на рап брзо се менуваат акциски кадри и црвени знамиња.

Клучното прашање е “Војни може да избувнат во секое време. Спремен ли си?”, А пораката е прикажана на екранот: “Секогаш мисли за задачата, непријателот секогаш да е пред твоите очи.”

China‬s-‪‎PLA‬-army-enlists-rap-style-music-video-to-recruit-young-soldiers

Дописникот на БиБиСи објаснува од кинеската престолнина дека и предходно армијата вложуцала солидни средства за рекламирање и видео за бирање на војници и офицери, но овој пат сосема очигледно е направен напор службата да изгледа “фенси”.

Може во реалноста во касарната работите да изгледаат монотоно и досадно, но во видеото на КНА се “продава” работата со врвни технологии, борба на снајперисти со терористи кунгфу, патриоти против непријателите на Кина, тенкови, борбени авиони.

На социјалните мрежи видеото е подложено на одобрување и потсмев, а во наредните месеци ќе се знае дали е постигнат ефект.

За потребите на курсантскиот корпус се бараат млади “кои и со куршум во градите ќе ја завршат мисијата, издлабена во нашите срца” и кои “можат да се борат, да победуваат и да се оддадат на повелбите на Комунистичката партија за заштита на достоинството на нашата земја “.