Вакцината на „Фајзер“ и „Бајонтек“ најверојатно ќе започне да се применува во Америка оваа недела, бидејќи Администрацијата за храна и лекови (ФДА) утврди дека дава силна заштита од Ковид-19, 10 дена по вакцинацијата.
Податоците го даваат првиот детален увид во доказите за резултатите од вакцината што делувала без оглед на расата, тежината и возраста на волонтерите кои ја примиле.
Иако не беа пронајдени сериозни несакани ефекти за време на студијата, многу учесници се соочија со болка, треска и други несакани ефекти. Од 38.000 лица, 84 проценти имале реакција на местото на убодот.
Американската администрација за храна и лекови објави анализи на Интернет, додека преку Атлантикот, Велика Британија започна да ги вакцинира најстарите граѓани со вакцината Фајзер / Бајонтек.
Сепак, оваа агенција суди за вакцините на уникатен начин, а во четврток ќе организира научна дебата за споменатите наоди. Тие ќе бидат проучувани од Комисијата на независни научници, кои ќе утврдат дали вакцината е безбедна и ефикасна за Американците.
ФДА, која обично го следи советот на одборот, ќе донесе одлука во деновите по дебатата. Ако на вакцината и се даде зелено светло, првите приматели ќе бидат здравствени работници и корисници на домови за грижа, а плановите за вакцинација се воспоставени од секоја држава.
„Фајзер“ и „Бајонтек“ претходно изјавија дека нивната вакцина е ефикасна во 95% од случаите. Сè уште не е познато колку трае имунитетот што го обезбедува.
– Бараме најдобри можни податоци – рече д-р Пол Ифит од Детската болница во Филаделфија и советник на ФДА.
Луѓето се загрижени со причина и се прашуваат што ќе се случи по шест месеци.
Следното важно прашање е безбедноста. „Фајзер“ не пријавил сериозни несакани ефекти, а некои учесници во студијата имаат реакции слични на оние кај грип: чувствуваат треска, болки во мускулите, уморни се, особено по втората доза, што е знак дека имунитетот заживува и дека може да препознае и да возврати на ударот, ако се појави вирус во телото.
Прашањата на кои советниците на ФДА бараат одговори се колку добро вакцината ги штити луѓето постари од 65 години и хронично болните, како што се дебелите и оние со срцеви проблеми.
Тие сакаат да знаат дали оние кои примиле вакцина можат да го шират вирусот и што да им кажат на бремените жени. Студиите за влијанието врз децата од 12-годишна возраст само што почнуваат.
Итната вакцинација може да започне дури и пред завршувањето на студијата на „Фајзер“ со 44.000 луѓе, која ќе продолжи да бара одговори на овие прашања.
„Фајзер“ и „Бајонтек“ велат дека истражуваат начини на кои оние кои примиле плацебо, исто така, ќе можат да примат вакцина, откако ќе ги исполнат критериумите за ран пристап. Волонтерите кои биле вакцинирани ќе бидат следени две години, иако дури и група од 10.000 луѓе не е доволна да ги согледа компликациите што можат да се појават во еден од милион случаи.