Се подготвува голема воена парада за роденденот на Трамп: Деталните планови протекоа во јавноста

од Milan1
35 прегледи

Деталните планови за голема воена парада што треба да се одржи на роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп се објавени во јавноста. Според плановите, на парадата ќе учествуваат повеќе од 6.600 војници, 150 возила, 50 хеликоптери и повеќе од 2.000 цивили.

Планирано е настанот да вклучува седум воени оркестри, скокови со падобран, историски воени возила, вечерен концерт и огномет. Сепак, плановите што предвидуваат прикажување на оклопни борбени возила, хаубици и тенкови предизвикаа загриженост за можна штета на улиците на Вашингтон.

Американскиот претседател долго време сакаше воена парада. Откако присуствуваше на парадата за Денот на Бастилја во Франција во 2017 година, Трамп побара уште поголем настан на авенијата Пенсилванија во Вашингтон.

Потоа тие планови беа откажани поради пречекорување на трошоците. Според некои проценки, парадата би чинела речиси 92 милиони долари.

Новите предлози се совпаѓаат со плановите на американската војска да ја одбележи својата 250-годишнина на 14 јуни. Тој датум, сосема случајно, е и роденденот на претседателот Трамп, кој тогаш ќе наполни 79 години.

Документите, исто така, откриваат логистички предизвици, вклучително и сместување и исхрана на илјадници воени лица, како и високите трошоци за транспорт на возила и авиони од различни делови на САД. Еден документ, исто така, предупредува на „значајни загрижености во врска со безбедносните барања“ ако опремата се испорача со воз или воздух.

„Сакаме тоа да биде настан што целата нација ќе го прослави со нас. Сакаме Американците да ја запознаат својата војска и своите војници. Парадата би можела да биде дел од тоа и веруваме дека тоа би било одлично дополнување на сè што веќе планиравме“, рече полковник Дејв Батлер, портпарол на американската армија.

Сепак, градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, претходно предупреди дека тенковите на улиците „не би биле добра идеја“. „Доколку се користат тенкови, треба да се обезбедат неколку милиони евра за санација на патиштата“, рече таа минатиот месец.

Слични содржини