Се погласни гласините за романса меѓу Кевин Костнер и Шерон Стоун

од Vladimir Zorba
63 прегледи

По разводот со Кристина Баумгартнер, а потоа и наводната афера со пејачката Џевел, Кевин Костнер „фрли око“ на својa старa холивудскa пријателка.

Како што пишува „Дејли Мејл“, 69-годишниот оскаровец не можел да одолее да флертува со три години помладата колешка Шерон Стоун за време на доделувањето на наградите „Гувернер“, кое се одржа на 17 ноември.

„Летаа искри и тие веќе разменија броеви“, откри нов извор за магазинот InTouch, додавајќи дека Шерон Стоун, која јавно го поддржуваше Костнер во 2023 година за време на неговиот развод со Кристина Баумгартнер, уживала во вниманието на Кевин и дури и заводливо му намигнала.

„Дефинитивно изгледаше како да се „нафрлаат“ еден на друг“, рече изворот, додавајќи: „Се започна со љубезен разговор, а потоа Кевин Костнер го „запали“ својот убиствен шарм и испрати вибрации до Шерон, која е многу добра актерка. Таа беше многу слатка и добро се справуваше со вниманието. Во еден момент таа толку слатко му намигна“.

Сето ова доаѓа неколку месеци откако поранешниот секс симбол и ѕвезда на „Basic Instinct“ јавно го бранеше Костнер за време на неговата разводна постапка.

Слични содржини