Се поголем број на Европејци не можат да си дозволат да купат свежа риба

од Milan1
32 прегледи

Истражувањето на Европската унија покажа дека Европејците јадат помалку риба отколку порано, посветуваат повеќе внимание на цената и сакаат подетални информации за производите на етикетите.

Последното истражување на Евробарометар, спроведено од Европската комисија, покажува промени во исхраната и навиките на потрошувачите.

Утврдено е дека бројот на Европејци кои јадат риба и други речни и морски производи дома, барем еднаш месечно, е намален за 6 отсто и сега околу 58 отсто од жителите на Стариот континент се во оваа категорија. Бидејќи имаат се помалку пари, сега повеќе се грижат колку чини рибата отколку како изгледа, па почесто купуваат замрзнати и конзервирани производи отколку свежи.

Слични содржини