Тоа е основнатаконтрадикција по Париз: малкумина на Западот сакаат да се испратат копнени сили во Сирија и Ирак за борба со групата “Исламска држава”, но може да е уште потешко да се најде човек кој смета дека само воздушните напади ќе се доволни за победата на радикалните милитанти.

Досега политичари и експерти зборуваат претежно за постепено зголемување на мерките, и всушност првичната француска реакција беше за уште воздушни напади. Вчера претседателот Барак Обама инсистираше дека сегашната стратегија “на крајот ќе даде резултат” и ја отфрли идејата за распоредување на американски војници.
Ако сепак ИД ги оствари заканите за нови напади на Западот, сличен пристап наскоро може да стане невозможен за оправдување, бидејќи притисокот на јавноста ќе сака поефикасни дејствија од комбинацијата од воздушни напади и копнени напади со на мешавина од локални сојузници.
Меѓународна копнена операција може да стане прифатлива и не би се потпирала нужно на Американците – голем број држави, меѓу кои Египет, Иран, земјите од Заливот, Европа и Русија се повеќе се гневни кон џихадисти.
Оваа перспектива не е предалеку за екстремистите. Во официјални изјави и онлајн разговори тие дури го предизвикуваат Западот да започне нова крстоносна војна на Блискиот Исток.
Дискурсот за “света војна” против неверниците работи ефикасно меѓу радикалните исламисти. Иако загубата на нивниот “калифат” во Сирија и Ирак би бил пречка во краток рок, едно скапо и крвопролевачко надворешно мешање ја храни апокалиптичната привлечност на групата и може да обезбеди уште муслимански поддржувачи на каузата .
А иако брзото ослободување на град Синџар во последните денови, покажа дека силите на ИД далеку не се непобедливи, копнена војна против нив нема да е лесна.
Офанзива против градовите Ракка и Мосул, кои се главните упоришта на ИД соодветно во Сирија и Ирак, создава ризик од големи загуби меѓу војниците и цивилите при судири од врата на врата, како оние на американските војници во битките за Рамади и Фалуџа во претходните години. Се знае дека екстремистите ставаат импровизирани експлозивни направи како стапици за непријатели и имаат тенденција да земаатцивили за живи штитови. Војувањето најверојатно ќе вклучува и борби по долги пустински автопати во области кои дури владите на Сирија и Ирак не можат да ги контролираат, како и во руралните и урбаните области, кои им даваат на бунтовниците бројни можности да се кријат и да поставуваат заседи на напаѓачите.
Не е незамисливо да се претпостави дека вистинско подмачкување на ИД траеше повеќе од близу девет години, кои беа потребни за мировната трансформација на Ирак по предводената од САД инвазија во 2003 година
Значи дали една копнена операција би значело дека историјата се повторува? Постојат некои разлики.
Кога САД составија коалиција против Ирак во 2003 година, светската поддршка беше колеблива. Сега има вистинска светска одвратност од активностите на ИД и поголема веројатност од предходно за вистинска меѓународна коалиција со целосна регионална поддршка.
Дури и пред да се појавуви глобалниот тероризам имаше масовни убиства на сунитски племенски борци, поробување и разџагорени малцинства како Јазидите во Ирак, егзекуции без суд и пресуда на хомосексуалците, заробените непријатели и заложници, видеозаписи од обезглавување на западни хуманитарни работници и новинари и грозоморното убивање на сите под нивна власт. Таа одвратност се дели безрезервно од Русија, која во последно време ретко е на едно мислење со Западот, и практично од сите влади во регионот, вклучувајќи ја и онаа на неарабски Иран, што е реткост.
Некои арапски земји може да немаат тенденција да учествуваат со копнени сили, бидејќи ги нагласуваат приоритети како војната во Јемен и мирот на Синајскиот Полуостров. Други, пак, може да посакаат да се вклучат, а богатите земји од Заливот може да бидат убедени да помогнат во финансирањето на проширена воена операција, вклучувајќи повеќе обучување на сириските бунтовници, или да се зголеми фреквенцијата на воздушните напади.
Арапското учество во копнена операција може да ја отежни способноста на џихадистите да ја претстават како крстоносна војна на неверници. Проблеми сепак пак ќе има. Многу арапски влади може да бидат прогласени како неверници од џихадистите. А присуството на Иранците, кои не се ниту Арапи, ниту сунити, може колку да помогне, толку и да се пречи.
Друга можност е упатување на Член 5 од Статутот на НАТО, кој досега беше користен само еднаш, по нападите од 11 септември. Тој наведува дека напад врз членка на Алијансата е напад врз сите нив. Постојат одредени потешкотии кога е насочен против недржавна формација, но членките на НАТО јасно изјавија дека овој ангажман ги опфаќа случаите на меѓународен тероризам.
Широко распространето е мислењето дека НАТО ќе продолжи да се дистанцира во кампањата против ИД, но дека САД и други сојузници ќе се подготвени да ги споделат разузнавачки информации, дроновите-убијци и други средства. “Голем број сојузници веќе работат со Франција во тековните операции и истраги по нападите”, изјави НАТО вчера.
Против ИД може да се преземат и други мерки:
– Русија или некоја друга земја, можеби самата Франција, ако биде убедена може да да ја зајакне бомбардирачката кампања во урбани средини како Ракка покрај ризикот од цивилни жртви.
– Турција може да биде подложена на поголем притисок да ја затвори границата со Сирија. Турците тврдат дека е премногу тешко да ги блокираат доставувачките линии и трговските патишта кои ја збогатуваат и одржуваат ИД во порозните граници. Според повеќето набљудувачи сепак Турција ги затвора очите, бидејќи ИД се тепа и со Курдите, на кои Анкара гледа со лошо око.
– Досега нападите на специјалните единици не се инфилтрирале во срцето на главните градови под контрола на ИД ниту се обидувале да ги удрат највисоките лидери. Ова исто така може да се промени.
Сите овие стратегии содржат ризици и потешкотии. Сите тие сепак може да претпочитаат еден пристап кој наскоро може да заприлега на прифаќање од Западот бришење мапата на Блискиот Исток поради теократската организација , која Западот ја создадоа пред век.