Се појави фотографија на „Asus Zenfone 5“ со дисплеј, во стилот на iPhone X (ФОТО)

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Во социјалната мрежа Twitter беше објавена фотографија за која се тврди дека го покажува очекуваниот по недела Asus Zenfone 5.

Како што е познато, тајванската компанија веќе потврди дека ќе претстави нови модели на 27 февруари во рамките на мобилниот конгрес во Барселона. Таму ќе бидат прикажани барем два уреди во серијата – Zenfone 5 и Zenfone 5 Lite, чии слики ги видовме неодамна. Првиот модел може да биде поинтересен, бидејќи се очекува да понуди екран сличен на iPhone X.

Во пресекот ќе има предна камера, звучник и некои од сензорите. Како и повеќето нови смартфони и Zenfone 5 ќе нуди сооднос на екранот 18:9, но за разлика од поголемиот дел од конкуренцијата ќе вклучува и 3.5 милиметарски џек за слушалки.

Очекуваме да видиме уште еден приклучок за USB тип-C, куиште од алуминиум и стакло, како и веќе стандардната двојна камера.

За присуството на „исечениот“ дисплеј дознавме кога WinFuture објави шематска слика од упатството на телефонот.

Слични содржини