Руското Министерство за одбрана подготвило документ со прогноза за развојот на воената и политичката состојба во светот до 2045 година, кој постои можност преку владите и претставниците на странските земји да се обидат да го пренесат во новата американска администрација, дознава агенцијата Интерфакс-Украина од извор во украинската разузнавачка заедница.
Според извори на агенцијата, Русија со овој документ ќе се обиде да ја промовира идејата за укинување на политичкиот субјективитет на Украина и поделба на нејзината територија на три дела.
Првиот дел ви требало да влезе во составот на Руската федерација.
Вториот дел, кој во документот се нарекува „проруски државен ентитет“ и го вклучува Киев, предвидува формирање на државен ентитет со проруски власти и руско воено присуство. Третиот дел во документот се нарекува „спорни области“ и ги опфаќа западните региони на Украина. Кремљ верува дека нивната иднина би можела да се решава меѓу Русија и другите соседни земји , Унгарија, Полска и Романија.
Исто така, според документот кој завршил кај украинската разузнавачка служба, Кремљ предвидува развој на меѓународните процеси преку четири главни сценарија.
„Формирање мултиполарен свет и поделба на сферите на влијание на водечките актери“ и „Регионализација/хаотизација“ Русија предвидува победа над Украина и развој на ситуација во светот која е прифатлива за Москва. Од друга страна, сценаријата „Доминација на САД и Западот“ и „Стекнување статус на водечка светска сила од Кина“ Русите ги оценија како неповолни, што може да се случи во случај на губење или замрзнување на војната со Украина.