Се појави пречка за трансфер на Обамејанг во Челси

од Vladimir Zorba

Преселбата на Пјер-Емерик Обамејанг во Челси „заглави“ откако англискиот клуб одби да му понуди на Габонецот договор на две сезони. Напаѓачот има 33 години, а долго време политиката на лондончани е на играчите над 30 да им нудат договори за една сезона. Сепак, Обамејанг силно сака договорот да биде за најмалку две години.

И покрај ова недоразбирање, очекувањата се двете страни да постигнат компромис и многу брзо поранешниот капитен на Арсенал да стане играч на Челси.

Инаку, двата клуба во голема мера се договорија за зделка вредна околу 25 милиони фунти со вклучени бонуси.

Томас Тухел од почетокот на сезоната типува на формација со т.н „лажна деветка“, со Рахим Стелинг и Каи Хаверц во оваа улога. Челси, сепак, се чини дека се мачи да ги заврши работите, па доведувањето на центарфор е еден од приоритетите на Германецот во деновите пред затворањето на летниот преоден рок.

Слични содржини