Се појави првиот ТРЕЈЛЕР за филмот за Елвис: Остин Батлер во улога на „Кралот“

од Vladimir Zorba

Објавен е трејлер за долгоочекуваниот филм на Баз Лурман наречен „Elvis“, со Остин Батлер како Елвис Присли. Том Хенкс го игра менаџерот на музичката ѕвезда, полковникот Том Паркер.

Снимката започнува со тоа што Елвис изгледа нервозен додека влегува на сцената каде што едно лице од публиката го провоцира и му вели „да си ја скрати косата“, а остатокот од толпата почнува да се смее.

Не грижејќи се за потсмевот, изведувачот, кој бил облечен во розово-црн комбинезон, почнал да ги тресе колковите и да пее, поради што публиката останала вчудоневидена.

Разговарајќи со младиот Присли, менаџерот Паркер му пристапува на младиот Елвис со понуда да го „промовира“.

– Подготвен сум, подготвен да полетам – одговара Присли, додека неговата кариера е на нагорна патека.

Приказната го следи животот на Елвис, кој е полн со успеси и неуспеси.

Филмот ќе биде премиерно прикажан на 24 јуни 2022 година.

Погледнете го трејлерот:

Слични содржини