На денот на кобната несреќа во која загина актерката Ен Хеч, сосед на лицето во чија куќа со автомобил удрила актерката се јавил на 911, а застрашувачко видео ги откри деталите за несреќата.
Лицето кое се јавило на 911 слушнало вресок од автомобилот, но не знаел за кого се работи во тој момент.
„Во ред. Автомобилот целосно влета во куќата?“, прашал операторот.
„Да“, одговара лицето кое ја пријавило несреќата.
„Дали автомобилот се запали?“, прашува операторот.
„Можно е. Гори. Гори.”
„Треба да дознаеме за другото лице во автомобилот“, му упатува операторот. „Обидете се да го извлечете возачот“.
A new 911 call from the moments after Anne Heche crashed her car into a California home has been released. The new audio call comes days after Heche died after suffering from an anoxic brain injury. It was due to her being trapped in the burning car from a lack of oxygen. pic.twitter.com/4PO6aUlFZx
— Inside Edition (@InsideEdition) August 17, 2022
Соседот кој ја пријавил несреќата се уште не бил сигурен што се случило со возачот и се слуша како ги прашува другите дали има некој заробен во автомобилот. Минувачите одговараат потврдно, а тој на операторот му кажува како дошло до голем пожар.
„Обидете се да го извадите возачот од автомобилот ако е можно, но мора да останете на безбедно место“, му вели операторот, а потоа му наложува да се оддалечи од куќата откако соседот потврди дека не е можно да се спаси лицето поради големиот пожар.
Ен Хеч вдишувала густ чад повеќе од еден час пред да успеат да ја извлечат од автомобилот. Во гаснењето на пожарот учествувале 59 пожарникари. Никој во куќата не е повреден.
Ен Хеч беше прогласена за мртва минатиот петок, а полицијата утврдила дека во моментот на несреќата била под дејство на кокаин.