Се појавија импресивни фотографии, снимени со Huawei P20

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Шпанското издание на CNET објави неколку фотографии направени со камерата Huawei P20. Како што е познато, идниот предводник на кинеската компанија ќе биде претставен на специјален настан во Париз на 27 март.

Од EXIF ​​информациите се гледа дека сликите се сликани со модел со продукт код EML-AL00, кој припаѓа на Huawei P20. Самите слики кои се направени во студио со екстра осветлување, изгледаат импресивно и создаваат чувство дека се снимени со професионална камера, но не можеме да ги погледнеме во оригиналната резолуција.

Изданието објавува и три кадри кои биле споделени од страна на претставник на Huawei и во нив може да се види како се справува камерата на темно.

За сега е познато дека P20 ќе биде опремен со двојна камера со резолуција 16 мегапиксели на основниот сензор и бленда f / 1,6 и f / 2.4.

Од досегашните тизери на Huawei пак дознавме дека уредот ќе се презентира особено добро при намалена осветленост.