Се појавија компјутерски генерирани слики од Galaxy Note 9

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Сведоци сме на најсериозните истекувања на Galaxy Note 9 досега, пренесе Sammobile. Благодарение на OnLeaks, имаме компјутерски генерирани слики и видео од 360 степени на претстојниот паметен телефон на Samsung.

Ова се неофицијални слики кои се генерирани врз основа на фабрички CAD податоци. Ако ова е последниот дизајн, изгледот на двојната основна камера е хоризонтален, слично на Note 8, но со повидливи кругови кај сензорите.

Локацијата на читачот на отпечатоци е веднаш под камерите, но во посебно поле. Според информациите, Note 9 ќе биде послаб за 0.2 mm од Note 8, а другите димензии вклучуваат висина од 161.9 mm и ширина од 76.3 mm. Според сликите, моделот ќе вклучува 3.5 милиметарски приклучок за слушалки.

Се разбира, информациите не се официјални и има добри шанси готовиот уред да не изгледа вака.