Се „појавија“ неофицијални бројки од пописот: Ќе предизвикаат ли податоците политички и етнички тензии?

од Берта Китинска
305 прегледи

По 20 години конечно в среда ќе ја добиеме целосната слика за етничката бројност во државата. Деновиве протекоа неофицијални бројки од пописот според кои Државниот завод за статистика преброи 62% Македонци, 29,5 Албанци и околу 10 проценти припадници.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу во разговор за „Локално“, изразува надеж дека по објавувањето на резултатите ќе се “смири топката“ и дека јавноста и политичарите ќе се занимаваат со покоснтруктивни теми отколку со пописот и објавените бројки.

-Процентите не етничките групи не треба да се врзани со стекнување на политички и колективни права – тогаш пописот ќе се сведе на чисто статистичка операција. За почеток мислам дека квантификацијата 20% треба да биде исфрлена од Уставот и наместо неа да се гарантираат јазичните, културни и други права без процентуални услови, смета Небиу.

Тој појаснува дека нашето општество е длабоко подвоено по етнички линии и етничките теми кои како такви предизвикуваат емоции и жестина во реакциите.

-Очекувам реакции и преокупација на јавноста со објавените бројки и проценти. Мислам дека е тоа резултат, а не причина. Нашето општество е длабоко подвоено по етнички линии, и етничките теми се такви кои предизвикуваат емоции и жестина во реакциите, објаснува тој.

Небиу вели дека пописот е статискичка операција која предизвикува политички и етнички тензии кај нас , но тоа не би требало да е така во пракса.

Од ДЗС на нашите прашања упатени кон првиот човек на институцијата Апостол Симовски дали некој од заводот ги има дадено податоците и за тоа дали некој ќе понесе одговорност доколку овие резултати се поклопат со официјалните податоци ,кусо ни изјавија дека директорот ќе биде воздржан за секаков коментар се додека не се објават пребројаните бројки в среда на свечена церемониja во Македонската филхармонија.

По Втората светска војна во Македонија се реализирани вкупно девет пописи: 1948, 1953, 1961,1971, 1981,1991,1994, 2002 и последниот во 2011 кој не заврши целосно, иако траеше десетина денови.

Операцијата заврши со оставка на сите членови на Државната пописна комисија, со реакции дека се подготвува фалсификат. Деталите сепак останаа неразјаснети, исто како и дилемата – колку од одобрените 14 милиони евра во буџетот за спроведување на пописот беа потрошени.

Б.М.

Слични содржини