Се појавија првите официјални фотографии од електричниот Jeep Wagoneer S

од Vladimir Zorba
372 прегледи

Во јавноста предвреме се појавија првите официјални фотографии од електричниот Jeep Wagoneer S, кој ќе ја користи новата платформа STLA Large на Stellantis.

Како што беше наведено во претходното соопштение, со името Wagoneer S, ова целосно електрично возило ќе продолжи да го проширува присуството на брендот во премиум SUV сегментот нудејќи уникатен, елегантен, аеродинамичен дизајн и погон 4×4, со напредна технологија фокусирана на брендот Jeep и импресивните перформанси.

Овој нов глобален SUV ќе се нуди исклучиво како BEV, со цел опсег од 400 милји (640 km) со едно полнење, 600 КС и време од 0-60 mph (96 km/h) од околу 3,5 секунди.

„Нашите клиенти ќе бидат воодушевени од премиум, високо ефикасниот SUV кој е преполн со технологија и висок квалитет на градба, кој нуди можности за 4×4, високи перформанси, брзо забрзување и целен опсег од 400 милји со едно полнење“, велат од Jeep.

Ќе се продава на големите пазари ширум светот, вклучително и Европа, а на американскиот пазар би требало да биде лансиран есента оваа година.

Платформата STLA Large вообичаено ќе има батерии од 85 до 118 kWh, архитектура од 400 или 800 волти и ќе биде достапно брзо полнење од 270 kW.

Stellantis вели дека платформата е наменета за возила со меѓуоскино растојание помеѓу 2870 и 3075 mm и растојание од подлогата помеѓу 140 и 288 mm.