Се појавува нова социјална мрежа: Нејзиното име може да ви звучи познато

од Nikola Popovski
290 прегледи

Социјалната мрежа Bebo беше покрената во 2005. година, отприлика кога и останатите мрежи стапуваа на сцена.

Сепак, за разлика од Facebook и Twitter кои „се искачија на небесните височини“, Bebo го достигна врвот на популарноста во 2008. година, со 80 милиони корисници. После тоа, работите тргнаа надолу. Прво беше продадена на AOL, потоа на Criterion Capital Partners, а во 2013. година поднесе барање за банкрот.

Во тој момент, неговите основачи, Мајкл и Џони Бирч, одлучија да помогнат. Тие ја купија Bebo и ветија дека ќе ја рестартираат, како целосно нова мрежа.

Како што е најавено од Мајкл Бирч, новиот „Bebo“ ќе биде социјална мрежа која ќе се фокусира на профили на корисници и интеракција во реално време, наместо, како Facebook и Twitter, на „новостите на ѕидот“.

 

„Ние ја опишуваме како друштвено поврзување во живо – кога сте најавени на Bebo, знаете кој од вашите пријатели е на Интернет. Ова е совршено време за нова социјална мрежа. Ковид-19 им ги отвори очите на луѓето и им покажа дека има различен начин да се прават работите, а на луѓето им недостасува директен контакт“, рече тој за ВВС.

Тој објасни како целиот проект е всушност голем експеримент, но дека се надева дека тој всушност ќе ги охрабри луѓето навистина да се поврзат и да комуницираат. Комбинацијата на носталгија и љубопитност ќе привлече доволно корисници за „Bebo“ да оживее, процени Бирч.

Засега, Bebo е достапна само за бета-тестерите и не се знае точно како ќе изгледа, ниту како ќе се финансира. Она што го ветуваат нејзините сопственици е дека „старите“ корисници нема да можат да пристапат до нивните сметки, но и дека на Доналд Трамп ќе му биде забранет пристап од првиот ден.

Слични содржини