Се породи Ана Ивановиќ

од Nikola Popovski
426 прегледи

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се породила во саботата наутро. Како што објавуваат српските медиуми, Ивановиќ добила машко дете.

Ова е трет син на Србинката од бракот со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Нивните двата сина се Лука и Леон. Името на третото дете се уште не е познато.

Поранешната српска тенисерка е во брак со Швајнштајгер од 2016 година, а заедно неколку пати го посетија Белград.

Слични содржини