Се повеќе критики: Закерберг е „најмоќната личност што одела по Земјата“ и тоа е лоша работа!

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Со објавувањето на внатрешните документи на Фејсбук и сведочењето на укажувачот, Пандорината кутија беше повторно отворена против Фејсук и нејзиниот основач и извршен директор Марк Закерберг. Критиките доаѓаат од сите страни, а многу непрофитни организации неодамна започнаа петиција со која се бара промена на деловниот модел на Фејсбук, која се базира на алгоритми обучени да им покажуваат на корисниците штетна и опасна содржина.

Освен опасноста што Инстаграм ја претставува за младите луѓе, особено тинејџерките, и покрај тоа што се покажа како алатка за радикализирање на корисниците, по сведочењето на Френсис Хоген, една од актуелните теми повторно стана улогата на Закерберг во компанијата. Имено, за компанија која ги контролира социјалните мрежи и платформите за комуникација како што се Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер – значи зборуваме за милијарди луѓе, многу лошо е што повеќето од акциите потребни за гласање ги поседува само едно лице.

Не постојат толку моќни компании кои се толку еднострано контролирани, предупреди Хоген, додавајќи дека Закерберг не е контролиран од никого и дека тој има моќ да ги контролира сите одлуки.

Поранешниот менаџер на хеџ фондови и актуелен прв човек на Empire Financial Researcha, Витни Тилсон, рече дека првиот човек на Фејсбук е најмоќната личност што одела по Земјата, додавајќи дека овој тип на моќ во рацете на само едно лице е генерално лоша идеја.

Тој, исто така, нагласи дека, кога станува збор за бројот на корисници, Фејсбук е поголем од сите религии во светот, а контролата над него е 100 проценти во сопственост на еден човек. Иако овој тип на контрола во технолошките компании не е невообичаен, експертите посочуваат дека големата контрола што ја поседува Закерберг претставува потенцијален ризик за инвеститорите, и во овој случај може да му наштети на самото општество.

Поранешната вработена во Фејсбук, Џој Пул, за „Бизнис инсајдер“ рече дека законодавците треба да ги земат предвид прописите што ќе ја ограничат моќта што ја имаат директорите во нивните компании, но таа сепак верува дека во случајот со „Фејсбук“, ова се многу сложени прашања што не би биле решени кога Закерберг би имал 49 проценти контрола, а не најмногу контрола врз одлуките на компанијата.

Слични содржини