Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристите во јануари 2018 година изнесува 49 347, а бројот на ноќевањата е 107 324.

Најголемиот дел од нив, односно 13.431 гости престојувале во Скопје. Најбројни биле туристите од Албанија 3.819, Грција 3.670, од Бугарија 3.562 и од Косово 3.107, објави Државниот завод за статистика. Од Германија имало 1660 гости, од Србија 2652, од Турција 2811, 344 од Австрија, 438 од Велика Британија, 132 од Данска и други.
Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 14.2%, а бројот на ноќевања пораснал за 22.1%.
Бројот на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 11.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 32.0%.
Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.5%.
За споредба, бројот на туристите во декември 2017 година изнесува 51 599, а бројот на ноќевањата бил 103 721.
Во ноември земјава ја посетиле 50 869 туристи, а бројот на ноќевањата изнесувал 115 749.