Се повеќе ајкули во водите на Шпанија, причини – пандемијата и климатските промени

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Во водите на Шпанија се почесто може да се видат ајкули. Покрај пандемијата на коронавирус, тоа е и под влијание и од климатските промени, пишува „Euro Weekly News“.

По должината на шпанските брегови од Балеарските острови до Канарските Острови и покрај бреговите на Валенсија, Каталонија, Гранада, Галиција и Астурија, овие морски суштества стануваат сè позабележителни. Причината за тоа најверојатно е во миграциската природа на ајкулите кои поминуваат огромни растојанија за размножување и хранење, но во последно време и поради промените во температурата на водата.

Во Средоземното Море живеат 45 видови ајкули, од кои многу не претставуваат закана за луѓето.

Во текот на последната деценија, зголемувањето на бројот на ајкулите се припишува на климатските промени, прекумерниот риболов и пандемијата на коронавирус поради намалените човечки активности. Како што е наведено, најголемиот дел од активноста на ајкулите во Шпанија е концентрирана во Кантабриското и Средоземното Море, но има и во постудените, подлабоки води.

На Балеарските Острови, како што се Ибица и Мајорка, видувањата на ајкули се вообичаени, но обично вклучуваат помали, безопасни видови, а Канарските острови се познати по нивната разновидност на морски свет, со забележани 86 видови ајкули и ражи, вклучувајќи ја и ангелската ајкула. чекан-ајкула, кит-ајкулата…

Слични содржини