СЕ ПОВЕЌЕ ГЕРМАНСКИ ПЕНЗИИ СЕ ИСПЛАЌААТ ВО СТРАНСТВО: Ова се најпопуларните земји во кои живеат германски пензионери

Многу жители на Германија се преселуваат во странство по пензионирањето. Бројките од германското пензиско осигурување покажуваат кои земји се многу популарни.

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Се повеќе германски пензионери одлучуваат да ја поминат својата пензија во странство. Како што пренесува „Цајт“, повикувајќи се на податоци од германското пензиско осигурување, речиси седум отсто од нив пензијата ја трошат во странство.

Според нив, во 2022 година, германското пензиско осигурување исплати повеќе од 80.500 пензии во земји како Австрија, Швајцарија или Шпанија.

Најпопуларна земја за германските пензионери е Австрија. Речиси 30.000 исплати одат на пензионери во Австрија секоја година, а потоа следи Швајцарија со околу 27.600 исплати на пензии годишно.

Шпанија е на трето место со 23.300 германски пензионери.

Топ 10 земји:

Австрија: 29.649 исплати на пензии
Швајцарија: 27.663
Шпанија: 23.277
САД: 22.001
Франција: 18.931
Холандија: 11.265
Полска: 8.650
Канада: 8.400
Австралија: 8.168
Италија: 8.040

Бројот на трансфери на пари веројатно ќе биде нешто поголем од бројот на пензионери кои реално живеат таму.

Едно исто лице може да прима повеќе видови пензии истовремено.

Покрај старосните пензии, бројките за пензиското осигурување ги вклучуваат и пензиите за вдовици и инвалидските пензии.

Слични содржини