„Се повлече генералот на копнената војска на Украина: Генерал Драпатиј замина поради масакр врз војниците, корупција и непотизам во вооружените сили“

од Љубиша Владимиров
18 прегледи

По повеќе од шест месеци на чело на Копнените и вооружените сили на Украина, генерал-мајор Михаил Драпати објави дека ја напушта својот позиција. Неговата одлука следеше откако руските сили извршија ракетен напад врз украинскиот воен полигон, при што загинаа повеќе војници. Во своето проштално обраќање, Драпати рече дека не може да остане на функцијата поради, како што нагласи, „лично чувство на одговорност за трагедијата на 239-от полигон за обука“.

Нападот се случи на 1 јуни и предизвика човечки загуби меѓу украинските војници. Генералот откри и дека при неговото доаѓање на функцијата затекнал состојба на длабока стагнација во командниот систем. Според него, атмосферата во структурата била исполнета со страв, а воените единици биле отсечени од раководството. Дополнително, посочи на злоупотреби и назначувања врз основа на врски, а не на заслуги.

„Ми беше јасно дека промената на оваа култура мора да биде приоритет“, изјави Драпати, нагласувајќи дека во текот на неговото раководење речиси половина од клучниот команден кадар бил заменет. Тој ја потенцираше изградбата на нов тим кој е, според него, „борбен, одговорен и способен да носи тешки одлуки“. Како најголемо достигнување го наведе поместувањето на командната структура од „култура на страв“ кон „култура на одговорност“.

На крајот од обраќањето, генерал-мајорот испрати три пораки: длабока почит за сите што продолжуваат да се борат за Украина, доверба во новиот команден тим и лично жалење што не успеал да реализира сè што имал зацртано. Неговото повлекување доаѓа во еден од најтешките моменти за украинските вооружени сили, соочени со постојани напади и големи предизвици на фронтот.

Слични содржини