Светски познатата пејачка Лејди Гага одреден период не е активна на социјалните мрежи, а сега се огласи и им понуди објаснување на своите верни фанови.
Познато е дека Гага ќе се појави во новиот филм за Џокер, во кој ќе ја толкува улогата на Харли Квин. Таа, исто така, напорно работи на документарен филм за нејзината светска турнеја во 2022 година.
Како клучни причини за нејзиното повлекување од медиумите ги наведе деловните ангажмани, прекумерната работа и исцрпеноста.
Пејачката додава дека едвај чека нејзините фанови да уживаат во сите нови проекти кои ги подготвува.
„Ви благодарам што сакате да растете со мене за да можам да се менувам и да се трансформирам со заедницата која толку многу ја сакам. Се надевам дека ќе ви се допаднат сите работи кои ги создавам за вас и се надевам дека ова е мало потсетување на мојата страст и посветеност на уметноста“, истакна пејачката.