387
– На 16.08.2024 во ОВР Крушево, А.Ф.(38) од с.Пресил, крушевско, пријавил дека околу 02.50 часот во с.Пресил, три лица со закана со огнено оружје, од кои едното се претставило дека е полициски службеник, од него и неговата сопруга одзеле ранец со пари во различни валути и апоени и накит, информираат од МВР.
Увид извршила екипа од ОВР Крушево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.