Се преврте чамец со мигранти, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

од Milan1
12 прегледи

Потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР пронашле тело на бебе при потрагата на Дрина во областа Љубовија, каде што се превртел чамецот со мигранти, додека полицијата на Република Српска од Дрина извлекла тело на уште едно машко лице.

Телата на десет удавени лица се извадени од реката Дрина по превртувањето на чамец во кој група мигранти се обиделе илегално да преминат од Србија во Босна и Херцеговина, јавуваат српските медиуми.

Припадниците на цивилната одбрана на Република Српска ги пронашле телата во Дрина кај Братунац, изјавил за новинарите шефот на спасувачката екипа Влада Ранкиќ.

Во вториот чамец имало 14 мигранти од Мароко, кои се приведени, соопшти полицијата во Зворник.

Според мигрантите кои успеале да стигнат до брегот, во чамецот имало околу 30 лица, а полицијата и пожарникарите на брегот пронашле 18 од нив, од кои три деца, соопшти претходно Министерството за внатрешни работи на Србија.

Спасувачките екипи на цивилната заштита, припадниците на граничната полиција на БиХ и Србија, нуркачи и пожарникари сѐ уште се на терен.

Слични содржини