Ferrari Testarossa е наследник на моделот 512 BBi, а тој беше претставен на саемот за автомобили во Париз во 1984 година и веднаш стана вистински хит. Нешто помалку од 10.000 примероци беа произведени во период од 12 години, а автомобилот прикажан на фотографијата е еден од само 390 примероци произведени за северноамериканскиот пазар во 1988 година.
Излезе од лентата за склопување во март 1988 година и беше обоен во ретката боја Marrone Metalizzato. Тој беше увезен во САД преку Autohaus Inc., по што беше регистриран од првиот сопственик во мај. Во неговата колекција остана до 2010 година кога беше продаден во февруари. Се смета дека останал во сопственост на друг купувач до септември 2014 година, а потоа сменил уште двајца сопственици (фирми).
Во 2015 година, автомобилот го доби сертификатот Ferrari Cassiche, како и Платинумската награда на Cavallino Classic CCIV Concours d’Elegance. Потоа се продаваше и увезуваше во Мексико, а сега повторно е на продажба. Има поминато само 10.639 километри и е во одлична состојба. Внатрешноста е обложена со светло кафена кожа, додека контролната табла е црна.
Новиот сопственик се очекува да издвои помеѓу 150.000 и 225.000 долари.