245
Белградската прехранбена индустрија „Дуња“ во стечај беше понудена на продажба како правно лице за 187,8 милиони динари, како и нејзиниот имот, во кој спаѓа и фабриката за чоколади „Симка“ во Врање, објави стечајниот управник.
Активноста на компанијата „Дуња“ е производство на какао, чоколадо и кондиторски производи, а во банкрот е од март 2020 година.
Компанијата „Дуња“, односно фабриката „Симка“, се продава на јавен тендер закажан за 30 март, а депозитот за учество е 75,1 милиони динари.
„Симка“ во индустриската зона Врање се развива од 1997 година, а кондиторско производство вши во комплекс на објекти кои зафаќаат 5,2 илјади квадратни метри.
Комплексот е опремен за производство според најсовремените технолошки стандарди.