Се продава импресивна колекција на автомобили на уапсен Youtuber

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Бил Омар Караскило, Јутјуберот познат како „Omi in a Hellcat“, порано поседуваше импресивна колекција на автомобили, но сега тој остана без неа бидејќи возилата се продаваат на аукција.

Оми беше лишен од слобода и осуден на 66 месеци затвор и пет години условна за измама со кабелска телевизија. Тој и некои од неговите соучесници со измама добивале сметки за кабелска телевизија, а потоа ја препродавале содржината на илјадници свои претплатници, дозволувајќи им да стримуваат и да репродуцираат. Групата наводно заработила повеќе од 30 милиони долари или околу 28,6 милиони евра, а со парите купувале куќи и автомобили.

Според Klix.ba, споменатиот Youtuber бил осуден за долга серија прекршоци, вклучувајќи заговор, измама, перење пари, лажни изјави, даночно затајување, репродукција на заштитени дела и друго. Нему му беше наложено да плати 10,7 милиони долари (10,2 милиони евра) како оштета на кабелските оператори, 5 милиони долари (4,7 милиони евра) на даночните власти, а исто така ќе остане без незаконскиот профит од 30 милиони долари (28,6 милиони евра).

Неговата колекција на автомобили е понудена на продажба и се состои од вкупно 32 автомобили, како и неколку квадрицикли, мотоцикли и други возила. Меѓу нив се и две копии на Jeep Grand Cherokee Trackhawk, Dodge Challenger и Dodge Charger SRT Hellcat, Dodge Durango SRT, четири Lamborghini, два Ford Mustangs, Audi R8, Acura NSX, Bentley Continental GT, BMW M8, Toyota Supra, Honda Civic Type Р и други.

Посебно внимание претставува Lamborghini Aventador LP740-4S од 2019 година, кој има дизајн фолија на Power Rangers и се продава за 372.000 долари.

Слични содржини