Највисоката куќа во САД ќе се продава за сума од 2,8 милиони долари.
Зградата, која е висока речиси 38 метри, се нарекува “Јастребово гнездо” и се наоѓа во Прескот, Аризона. Таа е лоцирана на 576 квадратни метри и има цели десет спрата.
Зградата е во форма на плус и е дизајнирана така што е енергетски ефикасна. Покрај нестандардна форма, куќата има и покриви од стакло, на тој начин се овозможува влегувањето на повеќе светлина во живеалиштето. Позицијата во ридските покраини на градот нудат и извонреден поглед кон Прескот.
Живеалиштето е дизајнирано и изградено за осум години и при тоа освен со импресивна глетка, тоа располага и со голема спална соба, од која може да биде забележана ноќното небо, посебна кујна за подготовка на чај и лифт.
