Се продава недовршена куќа за 38 милиони долари

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Недовршена куќа во долината Напа во САД се продава за сума од 38 милиони долари, објави “Волстрит џурнал”.9057-napa-valley-estate-on-sale-for-38-million

Имотот е голем речиси 20 хектари и во него ќе биде распоредена главната куќа, како и веќе изградени и опремени куќи за гости.

Покрај нив во плановите за изградба се предвидува и зграда за СПА, која може да биде употребена за фитнес или преправена како уште една куќа за гости. Меѓу другите луксузни додатоци се и игралиште за тенис и два базени – затворен и класичен спортски.

Според инвеститорот Патрик Кејхил, кој се занимава со изградба, тој ќе има и 14 хектари лозови насади со сортата Совињон Бланк. Во објектот нема да има зграда за производство на вино, но по желба на купувачот може да биде изградена.