Еден од само 77 примероци на произведениот Porsche 935 ќе се најде на аукција. Станува збор за исклучително специјално издание базирано на Porsche 911 GT2 RS развиен од Porsche Motorsport, како почит на оригиналниот тркачки автомобил 935 „Moby Dick“ од 1978 година.
Автомобилот, кој е во понуда на Collecting Cars до недела, 15 јануари, е како нов и има поминато само 50 километри. Го придвижува 3,8-литарски твин-турбо боксер со шест цилиндри со 700 КС, поврзан со седумстепен PDK менувач кој целата сила ја испраќа на задната оска.
Ова Porsche 935 има каросерија модифицирана за подобрување на аеродинамиката, изработена од јаглеродни влакна, пишува „Jutarnji“.
„Облечен е“ во алуминиумски бандажи BBS со централна брава и гуми Michelin Pilot Sport. Опремата вклучува и дискови за сопирачки од 380 милиметри напред, и дискови од 355 милиметри назад, ABS и систем за управување со стабилноста на Porsche.
Внатре, наоѓаме седиште со препознатливите тркачки ремени на Recar, волан од карбонски влакна со екран во боја од 911 GT3 R, заштитен кафез и уникатна рачка на менувачот PDK, завршена во ламинирано дрво.
Porsche 935 е во перфектна состојба, без никакви знаци на употреба, како на каросеријата, така и на внатрешноста. Доаѓа со различни делови и опрема за тркање, вклучувајќи дискови со тркала од јаглеродни влакна, црево за празненње и инка за прскање вода.
Цената на новиот Porsche 935 беше 700.000 евра…