Се продава „РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА“: Еве колку чини Остров на Бахамите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
516 прегледи

St. Andrew’s (Little Ragged) е најголемиот приватен остров што моментално се нуди на продажба на Бахамите.

Станува збор за површина од 730 хектари на која е можно да се видат прекрасни ридови покриени со шума, но и недопрени километри плажи со неверојатен бел песок.

Покрај тоа, островот има слатководни езера и писта. Исто така, од едната страна на островот, обезбеден е пристап до длабока вода за да можат да се приближат големи бродови, а друг начин е десетминутно возење со брод од пристаништето на Данкан Таун.

Можностите на островот се практично неограничени, а тој е опкружен со Атлантскиот океан. На располагање се места за нуркање, едрење и риболов.

Исто така, овој остров е одлично место за изградба на туристичка локација.

Аукцијата ќе се одржи на 26 март, а сегашната цена е 19,5 милиони долари.

За да се приклучите на наддавањето, треба да платите депозит од 100.000 долари.

Слични содржини