Zagato модифицираше само девет примероци на Lamborghini Gallardo LP570-4 Superleggera, а еден од нив ќе биде продаден на аукцијата Gooding & Company, која ќе се одржи во Пебл Бич на 16 и 17 август.
Во Zagato решија на овој проект да ја прослават својата 95-годишнина и девет примероци претворија во суперавтомобили со уникатен дизајн.
Примерот на фотографиите беше Superleggera во сива Grigio Lynx, но откако беше транспортирана во Милано за време на трансформацијата, беше обоена во светло жолта боја.
Каросеријата е значително различна во споредба со стандардниот Gallardo. Експертите на Zagatо го заменија секој панел, па дури и дизајнираа нови фарови и задни светла. Предниот дел се издвојува благодарение на заоблената маска и тенките доводи за воздух, додека од страните има нови долни доводи. Исто така, доводите се видливи зад страничните прозорци. Италијанската дизајнерска куќа создаде и покрив со „двоен меур“ и специјален покрив од карбон.
Задниот дел има уникатни издувни цевки, редизајнирана решетка и суптилен јаглероден дифузер со светло за дожд инспирирано од онаа на болидите на Формула 1. Внатрешноста е обложена со светло сива кожа, додека контрастот е направен со жолта нишка.
Да речеме и дека автомобилот го придвижува 5,2-литарски V10 мотор, кој развива 570 КС и е поврзан со 6-брзински автоматски мануелен менувач.
Иако е испорачан на купувачот пред десет години, автомобилот поминал само 1.794 километри и се очекува да биде продаден за помеѓу 400.000 и 600.000 долари.