323
Автопортретите на американскиот актер Џони Деп, на кои е прикажана холивудската ѕвезда од периодот кога беше во правен спор со поранешната сопруга Амбер Херд, од денеска се во продажба.
Автопортретите се дел од колекцијата „Пет“, секој чини 1.950 долари и ќе се продава во следните 13 дена, пренесува АП.
Колекцијата е наречена „Пет“ затоа што, според Џони Деп, „тој требаше да влезе во својата петта година на лудило“.