Велика Британија во понеделникот побара од Европската унија да дозволи испорака на вакцини против коронавирус кои ги нарачале, во време додека траат тензиите меѓу Лондон и Брисел околу потенцијалната забрана за извоз од континентот.
„Виновникот е Велика Британија, а не Европската унија“, изјави претставник на ЕУ за „Ројтерс“.
„Станува збор за тоа дека сите мораат да постигнат договор со компанија која продава над својот капацитет на производство. АстраЗенека мора да ги достави дозите до ЕУ“.
Европа заостанува зад Велика Британија и САД во вакцинирањето на своето население, а лидерите на ЕУ ќе разговараат за забраната за извоз на вакцини во Велика Британија на состанокот во четврток.
Британскиот премиер Борис Џонсон ќе разговара со најмоќните европски лидери, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, за да ја одвратат ЕУ од таквата забрана.