Калифорнискиот производител на луксузни електрични возила “Тесла” (Tesla) објави во четвртокот дека американските власти почнаа тестови за смртта на возачот при судир.
“Модел Ес” (Model S) e еден од двата модела на “Тесла”, кои се во продажба. Американската агенција за безбедност на сообраќајот (NHTSA) започна “претходна проверка” која го погодува Autopilot – компјутеризиран и електронски систем за помош на управувањето, кој му овозможува на автомобилот да изврши самостоен маневар. Токму овој уред работел кога на 7 мај на еден од патиштата во Флорида станува несреќа.
“Важно е да се нагласи дека одлуката на NHTSA е само прелиминарна проверка која ќе утврди дали системот работи како што се очекува”, забележуваат од “Тесла”, кои се пријавиле за “трагичниот инцидент” на регулаторот. “Она што го знаеме е дека возилото се движело по двонасочен пат со активиран Autopilot кога попречил на патувањето камион (…) и не биле активирани сопирачките” истакнува автомобилската компанија. Ова е прв фатален инцидент од 130 милиони милји (209 милиони км), поминати од возила опремени со Autopilot, соопштуваат од “Тесла”.
Освен за “Тесла”, оваа истрага на регулаторот не прави добра услуга на развојот на самоуправни автомобили кои се сметаат за недалечната иднина на патниот сообраќај.